Путин вчера ги наведе Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како едно од соодветните места за средба со Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина зависи од рускиот претседател Владимир Путин.
„Зависи од него. Ќе видиме што има да каже. Сè зависи од него. Многу сум разочаран“,
им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали рокот за Путин да се согласи на примирје е сè уште во сила.
На прашањето дали Путин мора да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се одржи средбата со Трамп, американскиот претседател рече:
„Не. Би сакал да се сретнам со нив и ќе направам сè што можам за да го спречам убивањето“.
Путин вчера ги наведе Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како едно од соодветните места за средба со Трамп.
„Имаме многу пријатели што се подготвени да ни помогнат да организираме вакви настани. Еден од нашите пријатели е претседателот на Обединетите Арапски Емирати. Мислам дека ќе одлучиме, но ова би била една од соодветните, сосема соодветни локации“,
им рече Путин на новинарите во Кремљ изразувајќи го интересот на Москва и Вашингтон за состанокот.
Што се однесува до трилатералниот состанок на кој би можел да присуствува Зеленски, Путин рече дека нема ништо против тоа, но ја потврди потребата од создавање потребни услови за разговори.