Во своето последно предупредување до Техеран, американскиот претседател се закани дека ќе ги нападне мостовите, па електраните во Иран
По повеќе од еден месец од отпочнувањето на војната на Блискиот Исток, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војската на САД не ни почнала да го уништува она што останало од Иран.

Во своето последно предупредување до Техеран, Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите, па електраните.
„Нашата војска, убедливо најголемата и најмоќната во светот, не ни почнала да го уништува она што остана во Иран. Следни се мостовите, па електричните централи! Новото раководство на режимот знае што треба да се направи, и мора да се направи брзо!“,
напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл.
Изјавите што американскиот претседател ги даде без дополнително објаснување дојдоа неколку часа откако Иран започна нови ракетни и напади со беспилотни летала врз Израел и земјите од Заливот, по претходното предупредување на Трамп до Техеран дека мора да склучи договор пред да не остане ништо од земјата.
Во обраќањето до нацијата пред два дена, Трамп рече дека САД ќе го погодат Иран многу силно во следните две до три недели и ќе ја вратат земјата во камено време.
