Претседателот на САД не даде детали за потенцијалните нови мерки, кои би се надоврзале на широкиот опсег на санкции кои се насочени кон Русија поради инвазијата на Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се воведат дополнителни санкции кон Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не прифати мировни преговори за ставање крај на војната во Украина.

„Така се чини“,
изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа на 21 јануари одговарајќи на прашањето дали Вашингтон ќе воведе нови санкции кон Русија доколку Путин не дојде на преговарачка маса.
Претседателот на САД не даде детали за потенцијалните нови мерки, кои би се надоврзале на широкиот опсег на санкции кои веќе се насочени кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.
Трамп ја повтори својата намера наскоро да разговара со Путин, без да прецизира временска рамка.
„Разговараме со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ќе разговараме со претседателот Путин наскоро. Ќе го разгледаме тоа“,
изјави Трамп.
Трамп, исто така, рече дека неговата администрација размислува да испрати дополнително оружје во Украина. За време на неговата претседателска кампања, пак, остро го критикуваше нивото на помош обезбедена за Украина од страна на администрацијата на претседателот Џо Бајден.