Поранешниот претседател на САД, лично не е под истрага за некое кривично дело, а обвиненијата кои се однесуваат за неговата компанија ги оцени како политички монтирани

Државната обвинителка на Њујорк побара поранешниот американски претседател Доналд Трамп да сведочи во рамки на истрагата започната поради евентуални измами во работењето на неговата компанија, пишува денеска „Вашингтон пост“.
Според избори на весникот, обвинителката на Њујорк, Летиша Џејмс, побарала од Трамп да сведочи на 7 јануари 2022 година,
Како што пишува весникот, Џејмс, која ги истражува деловните активности на поранешниот републикански претседател, се обидува да утврди дали „Организацијата на Трамп“ манипулирала со проценките на својот недвижен имот.
Истрагата таа ја води заедно со окружниот обвинител на Менхетен, Сајрус Венс.
Претходно оваа година, властите поднесоа обвинение против „Организацијата на Трамп“ и главниот финансиски директор на компанијата, Ален Вајберг.
Трамп, кој лично не се товари за никакво кривично дело или кршење на законот, истакна дека обвиненијата се политички мотивирани.