Вториот ден од разговорите во Шарм Ел Шеик, на кој египетските и катарските претставници ќе одржат одделни средби со делегации на Израел и Хамас, ќе се одржи на втората годишнина од нападот што го изврши Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1 200 луѓе, а 251 други беа земени како заложници
Индиректните разговори насочени кон постигнување конечен договор за мировниот план на САД за ставање крај на војната во Газа треба да продолжат денеска во египетскиот град Шарм Ел Шеик.

Палестински и египетски претставници за Би-би-си изјавиле дека сесиите се фокусирани на „создавање теренски услови“ што би овозможиле ослободување на сите израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници, што се држат од затворите во Израел.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави оти се надева дека ќе го објави ослободувањето на заложниците „во наредните денови“.
Американскиот претседател, Доналд Трамп вчера во изјава за медиумите во Белата куќа изјави дека постојат дбори шанси за постигнување договор кој, како што кажа, би биле траен.
„Имаме навистина добри шанси да постигнеме договор и тоа ќе биде траен договор“,
рече Трамп.
Палестинското радикално движење Хамас, пак, соопшти дека делумно се согласува со предлозите содржани во мировниот план на САД, но не одговори на неколку од клучните барања, кои вклучуваат разоржување на организацијата и нејзино исклучување од понатамошно управување со Појасот Газа.
Висок израелски безбедносен извор за Би-би-си изјавил дека разговорите првично ќе се фокусираат само на ослободувањето на заложниците и дека ќе му дадат на Хамас неколку дена да ја заврши таа фаза.
Вториот ден од разговорите во Шарм Ел Шеик, на кој египетските и катарските претставници ќе одржат одделни средби со делегации на Израел и Хамас, ќе се одржи на втората годишнина од нападот што го изврши Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1 200 луѓе, а 251 други беа земени како заложници.
Нападот беше повод израелските сили да започнат воена кампања во Газа, во која, според Министерствот за здравство во Појасот, кое е под контрола на Хамас, досега се убиени 67 160 лица, меѓу кои 18 0000 се деца.
Во изјава по повод годишнината од нападот на Хамас, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, рече дека планот на Трамп „претставува можност што мора да се искористи за да се стави крај на овој трагичен конфликт“.
Британскиот премиер Кир Стармер ја повтори својата поддршка за планот на САД во својата изјава по повод годишнината.
„Ја поздравуваме иницијативата на САД за мир на Блискиот Исток и оваа влада ќе направи сè што е во наша моќ за да го оствариме денот кога секое дете на Израел ќе може да живее мирно, заедно со своите палестински соседи, во безбедност и сигурност“,
рече Стармер.
Разговорите во Египет се оценуваат како најзначајните од почетокот на војната, бидејќи според проценките, би можеле да го трасираат патот за конечно завршување на двегодишниот конфликт.
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, зетот на Трамп, Џаред Кушнер, и министерот за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, се меѓу присутните на преговорите во Шарм Ел Шеик.
Американскиот претседател, Трамп, во објава на социјалните мрежи, ги повика сите вклучени во напорите за завршување на војната во Газа да „дејствуваат брзо“, наведувајќи дека, според инфромациите што ги добил, првата фаза од мировниот план, која вклучува ослободување на заложниците, треба да биде завршена оваа недела“.
Вчера тој изјава за медиумит во Белата куќа изјави дека Хамас се согласил на делови од планот кои се многу важни.
„Навистина мислам дека ќе постигнеме договор“,
додаде тој.

Палестински функционер запознаен со преговорите за новинската агенција Ројтерс изјавил дека првата сесија завршила доцна синоќа и дека се очекува разговорите во поширок обем да продолжат денеска.
Мировниот план од 20 точки, што го објави Трамп, а беше прифатен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предвидува итен прекин на борбите и ослободување на 48 заложници, од кои се смета дека само 20 се живи, во замена за стотици притворени жители на Газа.
Планот, исто така, предвидува испараќање целосна помош во Појасот Газа, откако двете завојувани страни ќе се согласат со предлогот.
Исто така, се наведува дека Хамас нема да има никаква улога во управувањето со Газа и ја остава вратата отворена за евентуална палестинска држава.
Сепак, и по објавата на планот пред една недела, израелскиот премир ја врати својата реторика во која жестоко се противи на создавање палестинска држава.
„Тоа не стои во договорот. Рековме дека силно ќе се спротивставиме на палестинска држава“,
рече Нетанјаху во видеообраќање.
Во петокот, Хамас преку соопштение се согласи „да ги ослободи сите израелски затвореници, и живи и мртви, според формулата за размена содржана во предлогот на Трамп“, доколку се исполнат условите за размена.
Организацијата не спомена конкретно дали го прифаќа планот на Трамп од 20 точки, но наведе дека би прифатил предавање на администрацијата на Појасот Газа на палестинско тело составено од независни лица, врз основа на палестински национален консензус и со арапска и исламска поддршка“.
Голем дел од Палестинците го опишаа одговорот на Хамас на мировниот план како неочекуван, откако претходните деновиве се појавии индиции дека групата се подготвува да го отфрли или барем силно да го услови планот.