Претседателот на САД рече дека се одлучил на привремена суспензија на царините за Мексико од почит кон претседателката на земајта, Клаудија Шејнбаум
Американскиот претседател Доналд Трамп одобри речиси едномесечно одложување на царините за увоз на производите од Мексико кои се опфатени со договорот за слободна трговија. Суспензијата ќе трае до 2 април.

Во објава на својата социјална мрежа Трут соушл, американскиот претседател рече дека се одлучил на привремена суспензија на царините за Мексико од почит кон претседателката на земајта, Клаудија Шејнбаум.
„По разговорот со мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, се согласив од Мексико да не се бара да плаќа царини за ништо што спаѓа во Договорот за слободна трговија. Ова одложување ќе трае до 2 април. Го направив ова од почит кон претседателката Шејнбаум“,
пишува Трамп во објавата на Трут соушл.
Американскиот претседател додаде дека неговиот однос со претседателката на Мексико е многу добар и дека заеднички работат на спречување на влез на илегалните мигранти во САД.
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум му се заблагодари на Трамп за паузирањето на царините.
„Ќе продолжиме да работиме заедно, особено околу прашањата за миграцијата и безбедноста, што вклучува намалување на илегалниот премин на фентанил во САД, како и оружјето во Мексико“,
додаде мексиканската претседателка.
Засега не е споменато слично одложување на царините и за увезените стоки од Канада.
Денешниот потег на САД следува само неколку дена откако царините од 25 отсто за увезена стока од Мексико и Канада официјално стапија во сила, откако претходно беа одложени на период од 30 дена.