Венецуелските власти сметаат дека единствената цел на овој напад е да се преземе контролата врз стратегиските ресурси на Венецуела, првенствено нафтата и минералите
Американскиот претседател Доналд Трамп наредил напади врз Венецуела, објави Си-би-ес њуз откако утрово силни експлозии утрово ги погодија Каракас и неколку други локации. Овој американски медиум е првиот што објави дека има потврда од американски функционер дека нападите врз Венецуела биле наредени од американскиот претседател Доналд Трамп.

Си-би-ес њуз објави дека претседателот Трамп дал зелено светло за воени напади врз Венецуела, како и тоа дека воени претставници размислувале за ваква мисија за време на Божиќ, но оти приоритет добиле американските воздушни напади во Нигерија против цели на ИСИЛ.
Според „Гардијан“, експлозии, моќни детонации и воени авиони во низок прелет биле регистрирани утрово во главниот град Каракас, токму поради тврдењата дека Трамп го наредил нападот.
Венецуелските власти потврдија дека Каракас бил цел на нападот, како и Миранда, Ла Гваира и Арагва.
„Единствената цел на овој напад е да се преземе контролата врз стратегиските ресурси на Венецуела, првенствено нафтата и минералите“,
се вели во владиното соопштение во кое се повикува меѓународната заедница да го осуди флагрантното кршење на меѓународното право што загрозува милиони животи.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата.
Главниот град на Венецуела, Каракас, утрово е погоден од силни експлозии, а забележани се и борбени авиони што летаат ниско, пренесува Си-ен-ен. На видеата што кружат на интернет се гледа како густ чад се издигнува над градот, додека јужниот дел на Каракас остана без струја.
