Израелскиот медиум „Тајмс оф Израел“ вчера го објави документот што Трамп му го претставил на лидерите од регионот

Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека наскоро ќе објави „нешто специјално“ за мировните преговори за Блиски Исток.
„Имаме реална шанса да постигнеме нешто големо на Блиски Исток. Сите се подготвени за нешто специјално, за нешто што се случува првпат, Ќе направиме тоа да се случи“,
објави Трамп на платформата „Трут сошал“ (Truth Social).
Нетанјаху утре е гостин во Белата куќа.
Трамп вчера изјави дека интензивно се преговара со претставниците од земјите од Блискиот Исток за изнаоѓање на решение за конфликтот во Појасот Газа.
Израелскиот медиум „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel) вчера го објави документот што Трамп му го претставил на лидерите од регионот. Планот на Трамп за Појасот Газа содржи 21 точка.
Во меѓувреме хамашките бригади Ал Касам го повикаа Израел да ги прекине воздушните напади 24 часа поради заложниците.
Палестинското министерство за здравство пак, во меѓувреме објави дека од почетокот на војната над 66 000 Палестинци се убиени од страна на Израел, а речиси 170 000 се повредени.