Ситуацијата во Газа е ужасна, мора да помогнеме на хуманитарна основа, вели Трамп

Гладот во Газа е реален и таму САД ќе воспостават центри за храна, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со британскиот премиер Кир Стармер.
„Сакаме да ги нахраниме децата, ситуацијата во Газа е ужасна, мора да помогнеме на хуманитарна основа. Ќе воспоставиме центри за храна каде што луѓето ќе можат да влезат, нема да има ограда“,
рече Трамп и додаде дека лудо е што луѓето во Газа може да ја видат храната, но не можат да пристапат до неа.
Израел целосно ја прекина помошта за Газа на почетокот на март, а потоа ја отвори повторно во мај со нови ограничувања наведувајќи ја потребата да се спречи кражба од страна на Хамас. Но, во саботата се појавија извештаи во кои се цитираат податоци од американската влада, во кои се вели дека нема докази оти Хамас краде помош од агенциите на ОН.
Трамп посочи и дека „во некои случаи“ Израел знае каде се држат заложницитe, но справувањето со Хамас оди тешко.