Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва одговори преку социјалните мрежи дека Бразил ќе возврати доколку САД воведат царини и предупреди да не се мешаат во работата на бразилското судство

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување на царина од 50 проценти за стоки произведени во Бразил, дополнително затегнувајќи ги односите со јужноамериканската земја, пишува „Гардијан“.
Тој го објави планот во писмо што го сподели на социјалните мрежи. Во него, тој го обвинува Бразил за „напади“ врз американските технолошки компании и „лов на вештерки“ против поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро, кој се соочува со кривично гонење за неговата наводна улога во обидот за поништување на резултатите од претседателските избори во 2022 година.
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва одговори преку социјалните мрежи дека Бразил ќе возврати доколку САД воведат царини и предупреди да не се мешаат во работата на бразилското судство.
Лула, исто така, го отфрли тврдењето на Трамп дека напорите на Бразил да го регулира работењето на американските платформи за социјални медиуми на нејзина територија во согласност со сопствените закони не се, како што тврдеше Трамп, форма на цензура.
„Бразилското општество ги отфрла содржините полни со омраза, расизмот, детската порнографија, измамите, измамата и говорите против човековите права и демократската слобода“,
напиша Лула.
Тој додава дека во Бразил, слободата на изразување не смее да се меша со агресија или насилни практики.
„Сите компании – без разлика дали се домашни или странски – мора да се придржуваат кон бразилскиот закон за да работат на нашата територија“,
додава тој.
Министерството за надворешни работи на Бразил претходно објави дека го повикало вршителот на должноста амбасадор на САД на разговори во знак на протест поради поддршката на Амбасадата за Болсонаро, против кого има судски процес за обид за државен удар.
„Ние сме суверена земја. Не прифаќаме мешање или туторство од никого“,
изјави Силва на 7 јули, откако Трамп побара од Бразил да го „остави на мир“ поранешниот претседател Болсонаро.
Трамп пред два дена објави дека од 1 август ќе воведат нови царински стапки на увоз од најмалку 14 држави, а меѓу нив се две држави од Западен Балкан. Така, тој објави воведување царини од 30 отсто на увозот од Босна и Херцеговина и 35 отсто на увозот од Србија, потоа 25 отсто за Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан, 30 отсто за Јужна Африка, 32 отсто за Индонезија, 35 отсто за Бангладеш, 36 отсто за Камбоџа и Тајланд и 40 отсто за Лаос и Мјанмар.
Трамп вчера изјави дека размислува за воведување дополнителни царини од 200 отсто за увоз на фармацевтски производи и 50 отсто за увоз на бакар.
Ваквата најава ја даде изразувајќи надеж дека ќе се отворат повеќе домашни фабрики во тие сектори.