Поранешниот американски претседател е обвинет дека преку неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен ѝ платил на Даниелс 130 000 долари за таа јавно да не зборува за нивната афера за време на изборната кампања во 2016 година
Порноактерката Сторми Даниелс денеска се појави на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во долгоочекуваното сведочење за наводната сексуална афера меѓу двајцата, што Трамп ја негира. Таа раскажа пред судот во Њујорк раскажа и некои детали од наводната средба од 2006 година – како, на пример, дека Трамп на вратата од хотелската соба ја пречекал во сатенски пижами.

Поранешниот американски претседател е обвинет дека преку неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен ѝ платил на Даниелс 130 000 долари за таа јавно да не зборува за нивната афера за време на изборната кампања во 2016 година. Трамп тие пари во документите ги претставил како трошок за адвокат, а Коен потврдил дека Трамп му наложил да ѝ ги плати парите на порноактерката.
Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, се појави на суд облечена во црна облека и црни очила. Таа пред судот раскажа дека растела со самохрана мајка која понекогаш била отсутна со денови. Даниелс посочи дека почнала да работи како танчерка во клубови на 17 години.
„Танцував за време на викендите, што беше добро бидејќи не морав да пропуштам да одам на училиште“,
изјави Даниелс.
„Дали сте секогаш толку арогантен“
Трамп ѝ покажал насловна страница на списание на која бил тој, а Сторми Даниелс сведочеше дека рекла оти не го видела.
„Не дека имам навика како 27-годишна стриптизерка да читам финансиски списанија“,
рекла таа.
Даниелс рече дека му се развикала.
„Дали си секогаш толку груб? Дали си секогаш толку арогантен и помпезен? Не знаеш ни како да разговараш“,
се сети таа.
Таа сведочеше дека со списанието го удрила „право во задникот“.
Трамп мрмореше во себе додека таа ја раскажуваше приказната, изгледајќи изнервирано.
Даниелс рече дека го прашала Трамп за Меланија и му рекла дека е многу убава. Таа се сети дека Трамп рекол:
„Не спиеме во иста соба“.
Трамп ги затвори очите, одмавна со главата и им промрморе на адвокатите додека таа зборуваше.
Сторми Даниелс рече дека кога разговарала со Трамп во хотелот, доброволно изјавила дека не била позитивна на сексуално преносливи болести.
Даниелс рече дека избрала да работи за компанијата за филмови за возрасни „Wicked Pictures“ бидејќи тоа била „компанија која инсистирала на кондоми“.
„Тогаш, мораше да се тестираш на секои 30 дена. Дури и кога работев со мојот сопруг, морав да користам кондом, иако сум алергична на кондоми, латекс“,
додаде таа.
Трамп носеше сатенски пижами кога дојдов во неговиот стан, рече таа и додаде дека веднаш го исмеала.
„Дали господин Хефнер знае дека му ги украдовте пижамите?“,
рече Даниелс, потврдувајќи дека мислела на Хју Хефнер.