Трамп на вечерата во Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон рече дека земјите „умираат“ за да постигнат договор

Американскиот претседател Доналд Трамп, фалејќи го својот план за воведување царини, рече дека лидерите од многу земји, за кои се воведени царините, молат за договор.
Трамп на вечерата во Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон рече дека земјите „умираат“ за да постигнат договор.
„Овие земји ме викаат, ми го бакнуваат задникот. Тие умираат да склучат договор“,
рече Трамп.
Трамп, имитирајќи го наводното однесување на некои од земјите, вели:
„Ве молам, ве молам, господине, договорете се. Ќе направам сè“.
Трамп вчера рече дека неговата влада работи на приспособени договори со трговските партнери, а од Белата куќа рекоа дека приоритет ќе им се даде на сојузниците како Јапонија и Јужна Кореја. Неговиот највисок трговски функционер Џејмисон Грир, исто така, изјави пред Сенатот дека Аргентина, Виетнам и Израел се меѓу оние кои понудиле да ги намалат нивните царини, пренесува „Гардијан“.
Новите царини што САД ги воведуваат за приближно 60 земји во светот денеска влегоа во сила.