Според пишувањата на Си-ен-ен, наредбата на Трамп за распоредување на војници на Националната гарда под федерална контрола за да се смират антиимиграциските протести во Лос Анџелес е прв таков случај од немирите во истиот град во 1992 година, кои избувнаа по ослободувањето на четворица бели полицајци обвинети за претепување на црниот мотоциклист Родни Кинг

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2 000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и во Калифорнија, поради жестоки судири меѓу демонстранти и имиграциските власти.
Судирите следеа по протестите што се одржуваа против масовните апсења на илегални мигранти што ги вршеше Имиграциската и царинска администрација на САД.
„Претседателот Трамп потпиша претседателски меморандум со кој се овластува распоредување на 2 000 војници на Националната гарда за справување со беззаконието на кое му е дозволено да цвета“,
изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Во наредбата од Трамп се вели дека единиците на Националната гарда „привремено ќе ги штитат“ имиграциските агенти.
„Кога протестите или актите на насилство директно го попречуваат спроведувањето на законите, тие претставуваат форма на бунт против авторитетот на Владата на Соединетите Американски Држави“,
вели Трамп во наредбата.
🚨 #BREAKING: Rioters are now attempting to BURN DOWN BUILDINGS in Los Angeles as darkness falls
— Nick Sortor (@nicksortor) June 8, 2025
NATIONAL GUARD NEEDS TO STEP IT UP!
The streets are TOTAL ANARCHY.
pic.twitter.com/aUwKSoZSRk
Според Министерството за внатрешна безбедност, околу 1 000 демонстранти во петокот нападнале агенти од имиграциските служби. Неколку лица се уапсени под сомнение за напад врз федерални службеници.
BREAKING: Scenes from the Los Angeles ICE raids this afternoon.
— Brian Krassenstein (@krassenstein) June 7, 2025
I don’t recall this kind of unrest under Biden. Do you? pic.twitter.com/qCFGYoBSdB
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, кој е редовна цел на напади од страна на американскиот лидер, ја осуди одлуката како „намерно провокативна“.
„Федералната влада ја презема Националната гарда на Калифорнија и распоредува 2 000 војници во Лос Анџелес – не затоа што има недостиг на органи за спроведување на законот, туку затоа што сакаат спектакл“,
вели Њусом на социјалните мрежи.
The federal government is taking over the California National Guard and deploying 2,000 soldiers in Los Angeles — not because there is a shortage of law enforcement, but because they want a spectacle.
— Governor Gavin Newsom (@CAgovernor) June 8, 2025
Don't give them one.
Never use violence. Speak out peacefully.
Министерот за одбрана Пит Хегсет изјави дека армијата е подготвена да испрати маринци од базата „Кемп Пенделтон“ доколку насилството продолжи.
„Министерството за одбрана веднаш ја мобилизира Националната гарда за поддршка на федералното спроведување на законот во Лос Анџелес. И ако насилството продолжи, активните маринци во кампот Пендлтон исто така ќе бидат мобилизирани – тие се во состојба на висока готовност“,
напиша Хегсет на Икс.
Според пишувањата на Си-ен-ен, наредбата на Трамп за распоредување на војници на Националната гарда под федерална контрола за да се смират антиимиграциските протести во Лос Анџелес е прв таков случај од немирите во истиот град во 1992 година, кои избувнаа по ослободувањето на четворица бели полицајци обвинети за претепување на црниот мотоциклист Родни Кинг.
Неколку десетици луѓе беа убиени, илјадници беа повредени, а илјадници беа уапсени во неколкудневните немири пред повеќе од 30 години. Материјалната штета беше проценета на повеќе од милијарда долари, што се смета за една од најлошите форми на граѓански немири во историјата на САД, пишува Си-ен-ен.
Во повик за „јавен мир“, Лигата на обединети латиноамерикански граѓани (LULAC) објави соопштение во кое ја осудува наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за распоредување на Националната гарда против демонстрантите, велејќи дека потегот „претставува длабоко вознемирувачка ескалација во пристапот на администрацијата кон имиграцијата и граѓанската реакција против употребата на воени тактики“.
„Испраќањето федерални трупи во Јужна Калифорнија, без оглед на овластувањето или одобрението на локалните или државните власти, е тактика што ја поврзуваме со авторитарните режими, а не со Соединетите Американски Држави“,
рече Роман Паломарес, национален претседател и претседател на одборот на LULAC.
Според него, оваа администрација користи милитаризирано спроведување на имиграциските закони како политичко оружје.
Американскиот претседател претходно се закани дека федералната влада ќе интервенира и ќе го реши проблемот „доколку гувернерот на Калифорнија, Гавин Њускам, и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, не можат да си ја работат работата, зашто сите знаат дека можат“.
Федералните агенти се соочија со околу 100 демонстранти во областа Парамаунт во југоисточен Лос Анџелес, каде што некои демонстранти мавтаа со мексикански знамиња, а други ги покрија устите со респираторни маски. Неколку лица беа уапсени.
„Ги прегледуваме видео снимките за да ги идентификуваме сторителите. Вие донесовте хаос, ние носиме лисици“,
напиша помошникот-директор на ФБИ, Ден Бонгино.