Адвокатите на кампањата за реизбор на американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече тужбата за изборите во сојузната држава Мичиген, со која се оспоруваше изборна победа на Џозеф Бајден.
Адвокатот на кампањата, Руди Џулијани денеска во судот изјави дека тужбата, чија цел беше да се запре потврдата на резултатите во округот Вејн, се повлекува затоа што одборот на округот „се состанал и одбил да ги потврди резултатите од претседателските избори“.
Џулијани рече дека повлекувањето доаѓа „како директен резултат на постигнување на што го барале: да се запрат изборите во округот Вејн да се се спречи предвремена потврда на резултатите, пред жителите да бидат уверени дека секој законски глас ќе биде изборен, а секој незаконски нема да се брои.
Но, оваа негова изјава веднаш беше демантирана од локалните власти кои изјавија дека одборот гласал за потврда на резултатите, кое било спроведено по реакцијата на членовите од редот на републиканците кои првично гласаа тие да не бидат потврдени.
Овие двајца членови сега бараат гласањето да биде поништено, но властите на Мичиген велат дека тоа не е можно, и дека потврдата е официјална.
Двајцата републикански претставници потврдиле, па се предомислиле
Судскиот процес на кампањата Трамп беше со цел да спречи округот Вејн, во кој спаѓа и градот Детроит, да ги потврди своите изборни резултати, се додека не се избори и последното ливче.
Округот Вејн е најнаселената област во Мичиген и со огромно мнозинство гласови го изгласаа Бајден пред Трамп – со 68% спрема 31%.
Двајцата републикански членови на одборот за избори првично одбија да го потврдат гласањето во округот Вејн, пред да го сменат мислењето на почетокот на оваа недела по големиот број критики.
Набрзо потоа, двајцата членови повторно го сменија мислењето. Од средата, тие бараат нивните гласови да се поништат и потпишаа изјави кои беа дел од поднесокот за повлекување на тужбата денеска.
Еден од членовите, Вилијам Хартман, во изјавата напиша дека тој бил „измамен да се согласи да даде согласност со ветување дека ќе се изврши целосна и независна ревизија“.
„Не би се согласил на потврда, туку на ветување за ревизија“,
напиша Хартман.
Другата членка, Моника Палмер, во изјавата напиша дека смета оти гласањето во округот Вејн не треба да биде потврдено.
Но портпаролката на државниот секретар на Мичиген, рече дека работата е завршена, бидејќи не постои законски механизам за да го повлечат својот глас.
„Нивната работа е завршена и следниот чекор во процесот е Државниот одбор да се состане и да сертифицира“, изјави таа.
Медиумите објавија дека Трамп во вторникот вечерта директно ги контактирал членовите.
За напладне по локално време Трамп на Твитер најави прес конференција на својот правен тим.
„Важна прес-конференција денеска на адвкатите за многу јасен и остварлив пат кон победа. Сите деловите многу фино си доаѓаат на своето место“,
напиша Трамп на Твитер.