Инаку, Гилфојл не е единствената што има одредени релации со семејството на Трамп, а е назначена на одредена функција. Трамп за нов амбасадор на Франција го назначи и Чарлс Кушнер, свекорот на неговата ќерка Иванка
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја назначи Кимберли Гилфојл, поранешната водителка на Фокс њуз и свршеница на неговиот син Доналд Трамп Јуниор за нова амбасадорка на САД во Грција, пренесува Си-ен-ен.

„Кимберли со години е наш близок пријател и сојузник. Нејзиното долгогодишно искуство во медиумите, правото и политиката заедно со нејзиниот остар интелект ја прават квалификувана да ги претставува Соединетите Американски Држави во странство. Таа може да поттикне силни билатерални односи со Грција унапредувајќи ги нашите интереси за соработка во одбраната, трговијата и економијата“,
напиша Трамп на платформата Трут соушл.
Инаку, Гилфојл не е единствената што има одредени релации со семејството на Трамп, а е назначена на функција. Трамп за нови амбасадор на Франција го назначи Чарлс Кушнер, свекорот на неговата ќерка Иванка.
Американски и британски таблоиди, пак, објавија дека Доналд Јуниор се разделил со Гилфојл и дека веќе е во врска со Бетина Андерсон.
