„Да бидам искрен, моето омилено нешто би било да ја земам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во САД велат: ‘Зошто го правите ова?’. Но, тие се глупави луѓе“, изјави американскиот претседател во интервју за „Фајненшл тајмс“
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“ објавено синоќа сугерираше дека би сакал да ја преземе контролата врз иранската нафта и дека американските сили би можеле да го заземат островот Харг – клучниот центар на извозот на нафта од Иран.

Тој го спореди потенцијалниот потег со амбициите на САД да ја контролираат нафтената индустрија на Венецуела по апсењето на нејзиниот лидер Николас Мадуро во јануари годинава.
„Да бидам искрен, моето омилено нешто би било да ја земам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во САД велат: ‘Зошто го правите ова?’. Но, тие се глупави луѓе“,
изјави американскиот претседател за „Фајненшл тајмс“.
Контролата врз иранската нафта би значело целосно преземање на иранскиот остров Харг кој обработува 90 проценти од извозот на нафта на Техеран и долго време е клучен за економијата на Иран
„Можеби ќе го преземеме островот Харг, можеби не. Имаме многу опции“,
рече Трамп додавајќи дека неговото преземање би значело подолг престој на американските сили на островот.
На прашањето за одбранбените сили на Иран на островот, американскиот претседател рече дека мисли оти тие воопшто немаат никаква одбрана.
Кон средината на март годинава, САД ги таргетираа воените објекти на островот Харг, а американската Централна команда соопшти дека биле погодени над 90 цели, вклучувајќи складишта на поморски мини, бункери за складирање ракети и повеќе други воени локации.
