Станува збор за носачот на авиони УСС „Џералд Р. Форд“, најновиот и најголем во американската флота, кој со своите придружни бродови претходно дејствуваше во Карипското Море каде учестуваше во операцијата во Венецуела, во која од власт беше соборен претседателот на земјата, Николас Мадуро
Американскиот претседател Доналд Трамп наредил најголемиот носач на авиони во светот да исплови кон Блискиот Исток во обид да го зголеми притисокот врз Иран во очи преговорите со Техеран за ограничување на неговите нуклеарни и балистички ракетни програми, пишува „Гардијан“.

Претходно денеска информацијата за испраќњето на вториот носач на авиони на Блискиот Исток ја објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца американски функционерич
Носачот на авионит УСС „Џералд Р. Форд“, најновиот и најголем во американската флота со своите придружни бродови претходно дејствуваше во Карипското Море каде учестуваше во операцијата во Венецуела во која беше соборен од власт и заробен претседателот на земјата, Николас Мадуро. Еден од изворите на Ројтерс, говорејќи под услов да остане анонимен, рекол дека на носачот на авиони ќе му треба најмалку една недела да стигне до Блискиот Исток.
Таму УСС „Џералд Р. Форд“ ќе му се придружи на носачот УСС „Абрахам Линколн“ и неколку разорувачи со наведувани ракети, борбени авиони и извидувачки авиони што беа распоредени во регионот во последните неколку недели.
Последен пат кога САД имаа два носачи на авиони во регионот на Блискиот Исток беше во јуни минатата година, кога беа извршени напади врз иранските нуклеарни постројки, објави Ројтерс.
Бидејќи американската војска располага со „само“ 11 носачи на авиони, тие претставуваат стратешки вреден воен ресурс, поради што за нивното распоредување по правило се одлучува многу однапред.
Од друга страна, Јужната команда на војската на САД, која ги надгледува воените операции во Латинска Америка, изјави дека ќе остане фокусирана на борбата против нелегалните активности на Западната хемисфера.
Претседателот Доналд Трамп претходно оваа недела изјави дека размислува за испраќање на втор носач на авиони на Блискиот Исток доколку не се постигне договор со Иран. Сепак, во четврток тој посочи дека договор со Техеран би можел да се постигне уште следниот месец.
