Судирот меѓу САД, Израел и Иран почна во саботата наутро, кога американските и израелските сили започнаа серија напади врз ирански воени и безбедносни цели, вклучувајќи локации во и околу Техеран. Иранските државни медиуми потврдија дека во нападите е убиен врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи

Американскиот претседател Доналд Трамп, во кратка објава на неговиот профил на социјалната мрежа Трут сошал, изјави дека му порачал на Иран оти е премногу доцна за преговори,
Одговарајќи на корисник кој објави дека американските напади довеле до раѓањето на Трамповата доктрина, Трамп напиша:
„Нивната воздушна одбрана, воздухопловните сили, морнарицата и раководството ги нема. Тие сакаат да разговараат. Јас реков ‘Премногу доцна!’“,
напиша Трамп.
Судирот меѓу САД, Израел и Иран почна во саботата наутро, кога американските и израелските сили започнаа серија напади врз ирански воени и безбедносни цели, вклучувајќи локации во и околу Техеран. Иранските државни медиуми потврдија дека во нападите е убиен врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Иран одговори со бран ракетни и беспилотни напади врз Израел и врз американските бази и енергетската инфраструктура во Персискиот Залив. Нападите, исто така, погодија цели во Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин, а воедно го нарушија сообраќајот низ Ормутскиот теснец.
Вашингтон изјави дека операцијата има за цел уништување на ракетните капацитети на Иран и спречување на Техеран да развие нуклеарно оружје, додека иранските власти ги обвинуваат САД и Израел за дестабилизација на регионот.
И покрај растечкиот број жртви и зголемената вклученост на регионот, досега нема знаци на деескалација, а пораката на Трамп за „премногу доцна“ дополнително сугерира дека во моментов нема простор за дипломатски пресврт.
