Трамп претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на заштита од Тајната служба за децата на поранешниот претседател Бајден

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го укина пристапот до информации за државната безбедност на неговите противкандидатки во двата претседателски циклуса – поранешната американска потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка и прва дама, Хилари Клинтон.
Трамп претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на заштита од Тајната служба за децата на поранешниот претседател Бајден, Хантер и Ешли.
„Одлучив дека не е повеќе во интерес на нацијата овие личности да имаат пристап до доверливи информации“,
изјави американскиот претседател.
Ова значи дека ниту Клинтон, ниту Харис, ниту Бајден нема да имаат пристап до класифицирани брифинзи.
Трамп се соочи со Хилари Клинтон во претседателската кампања во 2016 година, а минатата година се натпреваруваше со Камала Харис, која го замени Бајден како кандидат на Демократската партија во трката за претседател на САД.