Трамп им кажал на сојузниците дека се ослободил од рак кој им се заканувал на сите, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро
Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на лидерите на Г7 на виртуелен состанок во средата дека Иран е на работ на предавање, објави денеска порталот „Аксиос“ повикувајќи се на тројца претставници на Г7 запознаени со содржината на состанокот.

Според извештајот, Трамп им кажал на сојузниците дека се ослободил од рак кој им се заканувал на сите, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро.
„Трамп рече дека никој не знае кој е лидерот, па затоа нема никој да прогласи предавање“,
објави „Аксиос“.
Американскиот претседател, исто така, рекол дека верува оти новоназначениот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е сè уште жив во некоја форма, иако не се појавил во јавноста од почетокот на војната меѓу Иран и Ирак.
Коментарите на Трамп дојдоа откако Моџтаба Хамнеи сигнализираше дека Иран нема да се повлече во својата војна со САД и Израел.
Новоназначениот врховен лидер вчера издаде соопштение поради шпекулациите за неговото здравје по неодамнешните напади.
„Нема да се воздржиме од одмазда за крвта на нашите маченици“,
рече Хамнеи во порака до иранската нација според текст објавен од иранските државни медиуми.
Изјавата уследи по извештаите дека Хамнеи е повреден и медиумските шпекулации дека можеби е во кома по американско-израелските напади во кои беше убиен неговиот татко за време на нападот врз комплекс во Техеран на 28 февруари.
