Претседателите на САД и Украина претходно денеска беа фотографирани за време на 15-минутната средба, седнати на столчиња во изолиран дел од базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што дојдоа да му оддадат последна почит на папата Франциск
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево објави фотографии од денешната средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, непосредно пред одржувањето на погребната церемонија по повод смртта на папата Франциск.

Зеленски и Трамп се фотографирани за време на 15-минутната средба, седнати на столчиња во изолиран дел од базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што денеска дојдоа да му оддадат последна почит на папата Франциск.

Белата куќа ја опиша средбата како многу продуктивна.
Во меѓувреме, најавено е дека двајцата претседатели ќе имаат уште една средба во текот на денот.
Портпаролот на украинскиот претседател Сергеј Никифоров изјави дека Зеленски и Трамп се согласиле да ги продолжат разговорите во текот на денот, а оти тимовите работат на организирање на средбата.