Зеленски, пак, пред неколку дена, по добивањето на новиот американски нацрт-договор, кој го оцени како дрматично проширен, рече дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, бидејќи тоа може да ја загрози интеграцијата на земјата во Европската Унија
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди украинскиот преетседател Володимир Зеленски дека ќе се соочи со големи проблеми доколку се повлече од договорот за ретки минирали, пренесува Ројтерс.
„Тој се обидува да се повлече од договорот за минерални суровини. Но, ако го направи тоа, ќе има проблеми, големи, големи проблеми“,
рече Трамп.

Трамп врши притисок врз Зеленски да потпише договор со кој им се дозволува на американските компании да ископуваат украински минерали додека се преговара за прекин на огнот меѓу Украина и Русија.
„Се договоривме за тоа, а сега тој (Зеленски) вели дека сака повторно да преговара. Сака и Украина да стане членка на НАТО. Но, таа никогаш нема да биде членка на Алијансата и тој го разбира тоа. Затоа, и сега бара повторно преговарање“,
вели претседателот на Соединетите американски држави (САД). .
Зеленски пред неколку дена, по добивањето на новиот американски нацрт-договор, кој го оцени како дрматично проширен, рече дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, бидејќи тоа може да ја загрози интеграцијата на земјата во Европската Унија.
Со нацрт-договорот се предвидува Вашингтон да има приоритет при купување на украинските природни ресурси, како и враќање на сите пари испратени во Украина од 2022 година, со годишна каматна стапка.
Со заедничкиот инвестициски фонд би управувала американска корпорација за меѓународеен развој, а бо него би имало пет членови на одговорот, од кои тројца назначени од САД и двајца од Украина.
За потсетување, Украина на состанокот со американската делегација во саудискиот град Џеда јасно ставила до знаење дека нема да се согласи да се откаже од членството во НАТО како дел од потенцијалниот мировен договор со Русија.