Американскиот претседател ја искористи приликата за да ги искритикува украинскиот претседател и поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, дека не направиле доволно за да најдат компромис што би можел да ја спречи војната, за која, на крајот призна дека е започната со инвазија од страна на Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го прозва украинскиот претседател Володимир Зеленски, оценувајќи дека тој „нема карти во рацете“ кога преговара и затоа, според него, нема потреба да учествува во разговорите на кои се преговара за крај на војната.
„Со години го гледав како преговара без карти во рацете. Присуствува на состаноци три години по ред и ништо не е направено. Да бидам искрен, мислам дека не е многу важно да биде на состаноците. Многу го отежнува склучувањето на договори“,
рече американскиот претседател во интервју за „Шоуто на Брајан Килмид“ на радиото Фокс њуз.
Трамп додаде и дека ако сака, рускиот претседател Владимир Путин може да ја заземе цела Украина, додавајќи дека поради тоа Зеленски треба да работи на договор со нацијата што ја нападна пред речиси три години.
„Тој сака да склучи договор“,
рече Трамп за рускиот претседател и додаде:
„Но и не мора да склучи договор, бидејќи ако сака, ќе ја добие целата земја.“
Трамп ја искористи приликата за да ги искритикува украинскиот претседател и поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, дека не направиле доволно за да најдат компромис што би можел да ја спречи војната, за која, на крајот призна дека е започната со инвазија од страна на Русија.
„Русија нападна, но немаше причина да нападнат. Можеа да разговараат со него. Можеше да се зборува со Путин толку лесно, но тие не знаеја како да зборуваат“,
рече Трамп.
Рече дека не се обидува да го направи Путин подобар, туку дека војната никогаш не требало да се случи.