Американскиот претседател ќе се сретне со својот руски колега в петок во американската воена база во Енкориџ, Алјаска

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако неговата средба со рускиот лидер Владимир Путин в петок помине добро, веројатно брзо ќе побара втора средба, но овојпат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ако првата средба помине добро, многу брзо ќе имаме втора. Би сакал да го направам тоа речиси веднаш, а многу брзо ќе имаме втора средба меѓу претседателот Путин, претседателот Зеленски и мене, би бил среќен да бидам таму“,
им рече Трамп на новинарите.
Американскиот претседател ќе се сретне со својот руски колега в петок во американската воена база во Енкориџ, Алјаска.
Трамп, исто така, истакна дека ќе има многу тешки последици за Русија ако Путин не се согласи да ја заврши војната.
„Да, ќе има“,
нагласи Трамп, без да прецизира какви би биле последиците.
Тој претходно предупреди дека ќе воведе строги економски санкции ако нема напредок кон мировен договор.
Трамп изрази желба за трилатерален самит на кој ќе учествуваат Русија, Украина и САД, откако претходно во текот на денот учествуваше во виртуелни консултации со Зеленски и лидерите на неколку европски земји, ЕУ и НАТО.