За време на кампањата, демократските кандидати често истакнуваат дека Трамп доколку се врати на власт, ќе биде диктатор и дека ќе се осветува на неистомислениците
Доколку бидам избран за претседател следната година, нема да бидам диктатор, освен првиот ден, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Фокс њуз.
Коментарите на Трамп на снимениот настан во Ајова беа одговор на тоа што новинарот Шон Ханити го праша дали ќе ја злоупотреби моќта на канцеларијата за да се одмазди.
„Вечерва и ветувате на Америка дека никогаш нема да ја злоупотребувате моќта како одмазда против никого“,
праша Ханити.
„Освен првиот ден“,
одговори Трамп, повторувајќи ја фразата.
Запрашан за појаснување, Трамп рече:
„Сакам да ја затворам границата“.
За време на кампањата, демократските кандидати често истакнуваат дека Трамп доколку се врати на власт, ќе биде диктатор и дека ќе се осветува на неистомислениците.
За време на интервјуто, Трамп го критикуваше специјалниот американски советник за климата Џон Кери за неговите изјави дека електраните на јаглен мора да бидат затворени.
„Кина гради по една фабрика за јаглен неделно, огромни фабрики за јаглен и тоа го прават автоматски. А Џон Кери сака да престанеме да правиме се што можеме. Имаме држава, мораме да ги активираме нашите фабрики. Ветерот нема да ги активира нашите фабрики. Нашата земја може повторно да биде богата. Џон Кери треба да се запре. Тој ја уништува нашата земја“,
рече Трамп, додавајќи дека Кери патува насекаде со приватен авион додека зборува за борбата против климатските промени.