Делегатите, членовите и симпатизерите на Демократскиот сојуз, Трајанов ги повикал на 8 мај да излезат масовно на изборите да ја поддржат претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, како и кандидатите за пратеници од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од партијата на Христијан Мицкоски
Павле Трајанов е реизбран за претседател на Демократскиот сојуз на денешниот седми конгрес на партијата.

На денешниот конгрес на Демократскиот сојуз, на кој присуствувале над 400 делегати, Трајанов порачал дека на изборите ќе се одлучува дали Македонија ќе опстои како самостојна, независна и суверена држава, дали ќе се случат промени или земјата ќе продолжи да „тоне во корупција и разградување на темелните вредности“.
На денешниот партиски конгрес бил усвоен и повик до граѓаните да се приклучат кон промените.
Делегатите, членовите и симпатизерите на Демократскиот сојуз, Трајанов ги повикал на 8 мај да излезат масовно на изборите, да ја поддржат претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, како и кандидатите за пратеници од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од партијата на Христијан Мицкоски.

Меѓу приоритетите на Демократскиот сојуз кои ги споменал Трајанов на денешниот конгрес се коренити уставни измени, односно нов Устав, нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и висока корупција, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење широк политички и граѓански консензус околу реформирање на системот за безбедност, слободна пазарна економија, бесплатно здравство и образование и создавање услови за младите да останат во државата.