Претседателот на Демократскиот Сојуз порача и дека никој не смее да го загрози националниот идентитет на земјата, потенцирајќи ги црвените линии во преговорите со Бугарија
Пратеникот и претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, од собраниската говорница на седницата за избор на нова Влада, истакна дека има неколку приоритети кои очекува да се исполнат во иднина, за да се испорачаат резултати.
Трајанов предложи закон за борба против корупцијата и криминалот, како и Агенција за борба против криминал.
„Сакам да нагласам само неколку приоритети на кои треба да бидеме посветени и да испорачаме резултати. Прво, доста е со говори, стратегии, платформи за реформи во правосудниот систем, да направиме кредибилен судски систем, законите да важат за сите. Да обезбедиме фер судење и правда, да се преиспитаат монтираните судски процеси. Ако нема правда, нема ниту мир. Ако нема правна сигурност, бега капиталот но и младите. Второ, од понеделник натаму, силна и бескомпромисна борба против тешките облици на криминал и високата корупција. Седум институции се вклучени во откривање и сузбивање на криминалот, но тие се партизирани, некоординирани, затоа предлагам Закон за борба против тешките облици на криминал и висока корупција, како и формирање на независна Агенција за борба против криминалот“,
изјави Трајанов.
Претседателот на Демократскиот Сојуз порача и дека никој не смее да го загрози националниот идентитет на земјата, потенцирајќи ги црвените линии во преговорите со Бугарија.
„Македонија да биде една изборна единица законски услови за рамноправен политички натпревар. Четврто, имплементација на европските стандарди и реформи согласно поглавјата за членство во ЕУ, независно што и натаму трае блокадата од Бугарија. Овде сакам да ги потенцирам црвените линии, никој не сме да го загрози нашиот национален идентитет, јазик историја, културни и други карактеристики и обележја на Македонскиот народ. Петто, да се отвори расправа за системски промени, преку промени на Уставот за јакнење на одговорноста, отворање на расправа за Бадентер, затоа што се злоупотребува или селективно се применува и слично“,
рече Трајанов.