Најголемата фудбалска трагедија, како што пишува „Гардијан“ е забележана во 1964 година, кога 320 луѓе ги загубиле животите, а повеќе од 1 000 биле повредени при судир на толпата навивачи, слично како и во Индонезија, за време на натпревар меѓу репрезентациите на Перу и Аргентина во квалификации за Олимписките игри
Според досегашните информации најмалку 174 лица загинаа, а над 180 се повредени во стампедото на фудбалскиот меч, што вчера по локално време се одиграл во градот Маланг во Источна Јава, откако полицијата употребила солзавец за да ги разбие немирите што ги предизивикале навивачите на домашниот тим Арема. Полициската интервенција предизвикала стампедо и метеж во кој луѓето паѓале и газеле едни врз други, гушејќи се
Трагедијата на фудбалскиот натпревар во Индонезија, според досегашиот број на загинати лица најверојанто е вториот најсмртоносен спортски настан во историјата.
Според досегашните информации најмалку 174 лица загинаа, а над 180 се повредени во стампедото на фудбалскиот меч, што вчера по локално време се одиграл во градот Маланг во Источна Јава, откако полицијата употребила солзавец за да ги разбие немирите што ги предизивикале навивачите на домашниот тим Арема, револтирани што нивниот тим губел од својот најголем ривал Персебаја Сурабаја.

Полициската интервенција предизвикала стампедо и метеж во кој луѓето паѓале и газеле едни врз други, гушејќи се.
Најголемата фудбалска трагедија, како што пишува „Гардијан“ е забележана во 1964 година, кога 320 луѓе ги загубиле животите, а повеќе од 1 000 биле повредени при судир на толпата навивачи за време на натпревар меѓу репрезентациите на Перу и Аргентина во квалификации за Олимписките игри.
Меѓу другите, фудбалски, односно спортски катасторфи, што ги издвојува британскиот весник се, трагедијата при уривањето на трибините на стадионот Хилсборо во 1989 година, во која загинаа 97 навивачи на фудбалскиот клуб Ливерпул, потоа трагедијата во 2012 година на стадиотнот Порт Саид во Египет каде во судири загинаа 74 лица.
Меѓу најлошите вакви катастрофи е и квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 1996 помеѓу Гватемала и Костарика во Гватемала Сити, каде над 80 лица загинаа, а повеќе од 100 беа повредени. Во април 2011 година, повеќе од 40 луѓе беа згмечени до смрт за време на фудбалски натпревар во Елис Парк во Јоханесбург, Јужна Африка.
На 29 мај 1985 година на стадионот Хејсел во Брисел 39 навивачи на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус загинаа, а 600 беа повредени. Трагедијата се случи кога навивачи на англискиот клуб Ливерпул ги нападнаа фановите на Јувентус што доведе до рушење на ѕид од три метри на стадионот.
Индонезиската влада денеска се извини за катастрофата и вети дека ќе ги истражи нејзините околности.
„Жалиме за овој инцидент… Ова е тажен инцидент што го `повредува` нашиот фудбал во време кога навивачите можат да гледаат фудбалски меч на стадион“,
изјавил индонезискиот министер за спорт и млади, Заинудин Амали за радиодифузерот Компас.






Насилството меѓу навивачите на стадионите е долготраен проблем во Индонезија, пишува „Гардијан“, каде длабоките ривалства меѓу тимовите и навивачите често се претвораат во смртоносни конфронтации.
Поради долгогодишното ривалство помеѓу тимовите на Персебаја Сурабаја и Арема ФК на навивачите на Персебаја не им било дозволено да купат билети за натпреварот поради страв од насилство.
Според индонезискиот министер за безбедност Махфуд МД, организаторите ја игнорирале препораката на властите натпреварот да се одржи попладне наместо во вечерен термин.
Поради трагедијата фудбалскиот сојуз на Индонезија (ПССИ) ја суспендира првата фудбалска лига на неодредено време, а на клубот Арема му е забрането да биде домаќин на фудбалски натпревар до крајот на созоната.
Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо денеска изрази длабоко жалење за загинатите и им нареди на министерот за млади и спорт, началникот на националната полиција и на претседателот на ПССИ да спроведат темелна евалуација на фудбалскиот натпревар и неговата безбедносна процедура.