Детето се задушило откако во понеделникот наутро во градинката „Чаролија“ проголтало желад. Во бессознание со возило на Итна медицинска помош било пренесено прво во ЗЦ Сурдулица, а потоа во КЦ Ниш
Четиригодишно момче починало синоќа во Универзитетскиот медицински центар во Ниш поради задушување со туѓ предмет, пренесуваат српските медиуми.
„Момче родено 2018 година е примено попладнето во многу тешка општа состојба со знаци на тешко оштетување на функцијата на мозокот. Во УКЦ му беше изваден туѓ предмет од дишните патишта, но за жал тоа не ја промени состојбата на пациентот. И покрај сите преземени мерки од страна на неколку медицински тимови, синоќа дошло до смртен исход“,
велат од оваа здравствена установа.
Од Основното јавно обвинителство Владичин Хан соопштија дека имало прекин на дишењето, а повеќе детали ќе се знаат по обдукцијата. За овој случај е отворена истрага.
Според Телеграф.рс, детето се задушило откако во понеделникот наутро во градинката „Чаролија“ проголтало желад. Во бессознание со возило на Итна медицинска помош било пренесено прво во ЗЦ Сурдулица, а потоа во КЦ Ниш.