Набрзо по почетокот на натпреварот, почнало силно да врне, по што удрил и гром. На самото место починал 41-годишниот Иван Ранчев, а брзата помош само ја констатирала неговата смрт
Тренер на фудбалски клуб загина, а тројца фудбалери се повредени кога ги погодил гром за време на пријателски фудбалски натпревар помеѓу екипите на Лесичово и Черногорово.
Трагедијата се случила околу 18:30 часот на стадионот во селото Лесичово, близу Пазарџик. Набрзо по почетокот на натпреварот, почнало силно да врне, по што удрил и гром. На самото место починал 41-годишниот Иван Ранчев, а брзата помош само ја констатирала неговата смрт.
Починатиот е поранешен фудбалер и тренер на детски фудбалски клуб.
Локалната власт на Лесичово најави истрага и обнова на громобранскиот систем на локалниот стадион.
