Несреќата наводно ја предизвикал силен ветер
Австралиската полиција соопшти дека децата паднале од висина од околу 10 метри, но засега не е позната нивната возраст. Се работи за две момчиња и две девојчиња
Четири деца загинаа, а пет се повредени откако паднале од гумен замок за скокање во забавен парк во австралискиот град Девонпорт, соопшти австралиската полиција, пренесува Би-би-си.

Несреќата наводно ја предизвикал силен ветер и се случила вчера во основното училиште во Девонпорт.
Австралиската полиција соопшти дека децата паднале од висина од околу 10 метри, но засега не е позната нивната возраст. Се работи за две момчиња и две девојчиња.
Командирот на тасманиската полиција Деби Вилијамс ја опиша сцената како „многу вознемирувачка“.
Awful scene at Tasmania’s Hillcrest Primary School. Multiple students seriously injured after a jumping castle flipped in a gust of wind @abcnews pic.twitter.com/OTsRUzmDym
— Monte Bovill (@MonteBovill) December 16, 2021
„Се чини дека налетот на ветрот предизвика замокот да се крне во воздух“,
им изјавила таа на новинарите пред основното училиште Хилкрест.
Австралискиот премиер Скот Морисон ја опиша несреќата како „незамисливо срцепарателна“.
„Мали деца во забавен ден и тоа се претвора во таква страшна трагедија. Во овој период од годината, тоа само ви го крши срцето“,
рече тој.
