Од МВР најавуваат акции вакви контороли и во наредните денови, а ги предупредуваат и пешаците дека и за нив ќе има казни ако не поминуваат на соодветни места
Во вчерашната акциска контрола на Министерството за внатрешни работи санкционирани се 133 возачи за недавање предност на пешаци на пешачки премин, од кои 71 на територија на Скопје. За прекршоци по други основи полицијата напишала уште 146 сообраќајни казни.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека и денеска и во наредните денови ќе продолжат со ваквите акциски контроли и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што, нагласуваат, непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.