Синоќа, возачот на товарното возило бил приведен, а од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

Седумдесетгодишна жена починала синоќа во струшката болница како последица на сообраќајна несреќа, кога во неа удрило товарно возило управувано од 57-годишниот стружанец Н.О.
Од струшката полиција велат дека вчера околу 16:30 часот добиле пријава оти товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски таблици удрило во 70-годишната И.И. од струшкото село Мислодежда.
По несреќата, И.И. била пренесена во медицинскиот центар во Струга за укажување лекарска помош каде подоцна починала.
Екипи од одделението за внатрешни работи Струга извршиле увид на местото.
Подоцна, околу 21:40 часот, полициски службеници го привеле Н.О., а по целосно документирање на случајот, од полицијата велат дека ќе следува соодветен поднесок.
