Возачките дозволи и личните карти се печатат на иста машина. Бројот што е потребно да се задоволи врз основа на тоа што е досега издадено, во целост ќе го завршиме до крајот на годината. Граѓаните да знаат дека рокот што е даден е реален за да биде во целост завршено
Со ново име се издадени некаде околу 525 000 возачки дозволи, тоа се активни возачки дозволи, кои не се дуплираат. Со старото име во важност се 272 000 возачки дозволи. Тоа се важечки возачки дозволи кои не се обновени со новото име и сега со законските измени за безбедност во сообраќајот тие ќе важат до 31.12.2024 година, истакна вечерва во емисијата „Топ тема“ на Телма, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во моментов, според Тошковски, има околу 30 илјади македонски и околу 60 илјади албански обрасци за возачки дозволи, а до март се очекува да пристигнат уште 160 илјади.
„Возачките дозволи и лични карти се печатат на иста машина. Бројот што е потребно да се задоволи врз основа на тоа што е досега издадено, во целост ќе го завршиме до крајот на годината. Граѓаните да знаат дека рокот што е даден е реален за да биде во целост завршено“,
изјави Тошковски.
Во однос на налепниците за регистарските таблички, Тошковски рече дека до станиците за технички преглед се дистрибуирани околу 350 000 налепници.
Според Тошковски, временскиот период од десет до единаесет месеци е реален за да се направи целосната замена на возачките дозволи и личните карти, но ги повика граѓаните да не чекаат, туку процесот да продолжи континуирано.
Моментално, според Тошковски, има уште околу пет илјади македонски и околу десет илјади албански обрасци за патни исправи. Тој најави декка до крајот на месецот треба да пристигнат околу 250 000 обрасци.