Според него, истрагата е во тек, а МВР постапува по добиени насоки од Обвинителството
Се надеваме дека за максимално краток временски период ќе ја затвориме целокупната истрага за пожарот во Кочани за да може да се може да се продолжи со останатиот дел од постапката. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, коментирајќи ја истрагата за трагедијата во Кочани, за што додаде, дека сето она што е преземено како дејствие е споделено со јавноста.
„Истрагата е се уште во тек. Се води од страна на Јавното обвинителство. Министерството за внатрешни работи (МВР) постапува по добиени насоки и наредби од страна на ЈО“,
рече тој.

Според последната информација за истрагата на овој случај, од Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во т.н. кабаре клуб „Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство на поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по прват се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување.
Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши останува во притвор. Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во Кочани од затворски оди во куќен притвор. Затворскиот со куќен притвор им е заменет и на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски, еден инспектор од оваа институција и член на обезбедувањето на клубот.
Јавното обвинителство сомничи голем број лица што биле на позиција во различни институции од 2012 година до денот на пожарот – 16 март 2025 година. Тоа резултира со 59 осомничени (59 лица и три фирми).
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица, а со повреди се здобија околу двесте.