Како што информираат од Комисијата за заштита на конкуренцијата, на 9 јуни годинава до нив е доставено известување за концентрација со која Друштвото за производство, трговија и услуги „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и „Пе-вла-ку ШПК“, со адреса во главниот град на Албанија, Тирана, ќе стекнат заедничка контрола над Друштвото за градежништво и услуги „Соравиа инвест“ ДООЕЛ и над Друштвото за градежништво и услуги „Соравиа менаџмент“ ДООЕЛ
Компанијата „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската „Пе-вла-ку ШПК“ ја преземаат контролата на Бизнис-центарот „Соравиа“ во строгиот центар на Скопје.

Како што информираат од Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни годинава до неа е доставено известување за концентрација со која Друштвото за производство, трговија и услуги „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската „Пе-вла-ку ШПК“, со адреса во главниот град на Албанија, Тирана, ќе стекнат заедничка контрола над Друштвото за градежништво и услуги „Соравиа инвест“ ДООЕЛ и над Друштвото за градежништво и услуги „Соравиа менаџмент“ ДООЕЛ.
Во известувањето на Комисијата се наведени и активностите на компаниите учесници во постапката. Па така, за „Тор индустрис“ се вели дека станува збор за друштво основано во 2020 година чија основна дејност е развој на градежни проекти.
„’Тор индустрис’ има подружница во Северна Македонија – ‘Тор ИТ-системс’ Скопје со седиште на ул. ‘Филип Втори Македонски’ бр. 3/11кат, Скопје – Центар, која врши компјутерско консултантски дејности. ‘Пе-вла-ку’ е една од најголемите градежни компании во Албанија и Косово, основана во 2005 година. Во своето постоење, а особено во последните години, ‘Пе-вла-ку’ има планирано и успешно реализирано десетици градежни проекти. ‘Пе-вла-ку’ има направено успешни чекори во слободната пазарна економија и со своите проекти беше дел од развојот на двете земји. Со искуство од над 14 години, нивната работа, работење и дејствување се проширува и тие се присутни во многу зони на Албанија и Косово“,
се наведува во известувањето на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Инаку, како што може да се забележи, „Тор ИТ-системс“ и подружницата на „Пе-вла-ку“ во земјава се регистрирани на иста адреса, односно со седиште на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3, како фирмите чија контрола ја преземаат.
Со иста адреса е и компанијата „Соравиа инвест“ ДООЕЛ Скопје чија контрола ја преземаат. Станува збор за друштво со ограничена одговорност основано во 2006 година, чија дејност е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг). „Соравиа инвест“ е е сопственик на Бизнис-центарот „Соравиа“ во строгиот центар на Скопје, односно на улицата „Филип Втори Македонски“ бр. 3, до Градскиот трговски центар (ГТЦ). Скопје – Центар.
„Соравиа менаџмент“ ДООЕЛ Скопје, пак е основна дејност управување со недвижен имот со хонорар или врз база на договор и дејствува како давател на услуги за управување на Бизнис-центарот „Соравиа“.
Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.
„Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни можат да се испратат на адреса: ул. ‘Св. Кирил и Методиј’ бр. 54, Скопје или по е-пошта: [email protected] и тие треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“,
се наведува известувањето на КЗК.