Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се искачи до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 28 до 38 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се искачи до 37 степени.
Во петок се очекува сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во деновите од викендот попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во деновите од викендот ќе се искачи до 39 степени.