Во продолжение ви ги претставуваме петте најгледани интервјуа објавени на нашата веб-страница и на нашите канали на социјалните мрежи во 2024 година

Во целата 2024 година на вести, брзо и проверено информирање, се трудевме да ви ги овозможиме најважните домашни и светски наслови. Посветено, секој ден, екипата на „360 степени“ се трудеше да ги задоволи интересите на своите верни читатели и следбеници на социјалните мрежи за актуелните случувања. Отворивме многу чувствителни теми дома, како политички, така и социјални.
Во морето од вести не изостанаа и интервјуата на нашиот новинар Васко Попетревски со актуелни соговорници емитувани во дебатното издание на емисијата „360 степени“.
Во продолжение ви ги претставуваме петте најгледани интервјуа објавени на нашата веб-страница и на нашите канали на социјалните мрежи во 2024 година. Нивната популарност ја направија вашите „кликови“ и реакции.
Среќна Нова 2025 година! Со искрени желби за многу здравје и успех и во новата година…
5 најгледани интервјуа на „360 степени“ за 2024 година:
Во пресрет на двојното гласање на 8 мај – интервјуа со Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски
Интервју со шефот на дипломатијата по дипломатскиот куршлус во (со) Софија
Интервју со Данела Арсовска за висока политика и градски проблеми
Интервју со новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски
Зошто е убиена Вања ако била грабната заради изнуда на пари? – интервју со државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски