Белградскиот универзитет е меѓу првите петстотини на Шангајска листа. Во истиот квалитативен ранг се наоѓаат и Универзитетот во Загреб. Од земјите во регионот, највисоко е категоризиран Универзитетот во Атина

На академското рангирање на најдобрите универзитети во светот, познато како Шангајска листа, нема ниту една високообразовна институција од земјава.
Ситуацијата е сосема различна кога станува збор за скорот кој го имаат високобразовни институции во земјите од регионот. На Шангајската листа фигурираат двата државни универзитети во Србија. Белградскиот, кој е и и нивна најдобра високобразовна институција е на позиција од 400 до 500 место, додека Универзитетот во Нови Сад е со ранг од 900 до 1 000 место на листата.
Двата универзититети на северот од балканскиот полуостров, Загрепскиот и Љубљанскиот се позиционирани во истата група со Универизитетот од Белград.
Грција има дури четири високобразовни институции на листата. Од нив предничи Универзитет во Атина, кој е најдобро рангиран универзитет во овој дел од Европа. Тој е квалификуван во групата установи од 300 до 400 место. Универзитетот во Солун е со ранг од 500 до 600 место, а во следната категоризација, од 600 до 700 место се наоѓа Универзитетот на Крит. Подолу од нив е Универзитетот на Тесалија од Волос, кој е сместен во групата универзитетити кои се пласираат од 800 до 900 место на оваа листа.
На самиот врв на оваа престижна листа се најде универзитетот „Харвард“, додека втората позиција му припадна на „Стенфорд“.
По нив, во топ 10 најдобри универзитети следуваат Институтот за технологија во Масачусетс, „Кембриџ“, „Беркли“, па потоа „Принстон“, Оксфорд“, универзитетот „Колумбија“, Институтот за технологија во Калифорнија и универзитетот „Чикаго“.
На оваа престижна листа на најдобри високообразовни инстутуции се наоѓаат универзитети од вкупно 44 земји од светот.
