Меклафлин всушност си го собори сопствениот рекорд
Американската атлетичарка Сидни Меклафлин го освои златниот медал на Олимпијадата во Токио на 400 метри со пречки. Таа патеката ја помина за 51,46 секунди. Ова е нов светски рекорд.
Претходниот светски рекорд исто така го држеше Меклафлин со време 51,90 секунди.
Сребрениот медал го освои друга Американка, Далиа Мухамед – 51,46.
На победничкиот подиум како третопласирана се најде Фемке Бол од Холандија со истрчани 52,03 секунди.
Вчера и на машката трка 400 метри со пречки, од страна на Норвежанецот Вархолм беше урнат светскиот рекорд.