Рамиро Гомез (18) возел со поголема брзина од дозволеното, кога изгубил контрола над возилото, по што удрил во бандера, се превртел и завршил на покрив на друг автомобил кој бил паркиран
Во воилото на Гомез имало седум лица, сите малолетни на возраст од 12-14 години
Тинејџер на Флорида предизвика сообраќајна несреќа во која загина и самиот, но уби и четири лица.
Рамиро Гомез (18) возел со поголема брзина од дозволеното во Бока Ратон, кога изгубил контрола над возилото, по што удрил во бандера, се превртел и завршил на покрив на друг автомобил кој бил паркиран.

Во него имало брачна двојка, која починала н самото место. Починале и Гомез и уште двајца патници во неговото возило, додека петмина биле тешко повредени.
Во воилото на Гомез имало седум лица, сите малолетни на возраст од 12-14 години.

Шерифот од областа Флорида објави дека шест деца биле исфрлени од задното седиште на автмобилот, кога удрил во бандерата.
Официјални лица изјавија дека не биле забележани траги од дрога и алкохол кај Гомез, и дека клучен фактор за трагичната несреќа е преголемата брзина со која се движел автомобилот.