Во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, МВР испрати свој тим од пет полициски службеници во Букурешт на Европското првенство во фудбал. Полицајците ќе бидат ангажирани од 11 до 18 јуни и треба да се грижат за безбедноста на првенството.
„Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот“,
соопшти МВР.
Од МВР додаваат дека на овој начин се потврдуваат професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик.
