Вон по страшниот пад остана да лежи на патеката и да чека помош од медицинскиот тим. Снимката покажа дека левата нога на Вон се извиткала неприродно по падот. Натпреварувањето беше времено прекинато
Американската алпска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на почетокот на своето возење на денешната трка во спуст на Олимписките игри во Кортина.

Вон по страшниот пад остана да лежи на патеката и да чека помош од медицинскиот тим. Снимката покажа дека левата нога на Вон се извиткала неприродно по падот. Натпреварувањето беше времено прекинато.
Американката дојде на Олимпијадата со повреди. Таа падна за време на натпреварувањето од Светскиот куп во Кран-Монтана (Швајцарија) на 31 јануари, што резултираше со скинат преден вкрстен лигамент, модринка на коската и скинат менискус на левата нога.

За состојбата на Вон се чекаат официјални информации од организаторите на Олимпијадата во Италија.
Американката не беше единствената што падна, а откако зачестија „излетувањата“ од патеката поради лошото време организаторите ја прекинаа трката.
Вон сезонава имаше успешни настапи и секако желба за уште еден настап на Олимписки игри. ЗОИ ќе се одржат од 6-22 февруари 2026 година.