По 8 години, ДУИ го загуби Тетово. Иден градоначалник ќе биде Билал Касами од Беса. На прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица, градоначалничката Теута Арифи го призна поразот.
„Според броењето на резултатите, излегува дека противкандидатот има повеќе гласови и Општина Тетово ќе биде водена од него. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани што ме поддржаа“,
изјави Теута Арифи.