Тетово, заедно со Скопје и Гостивар се градовите кои имаат најголем број заразени во најновиот бран од пандемијата
Пет пациенти хоспитализирани во ковид-центарот во Тетовската болница починале како последица на оваа болест во текот на изминатите 24 часа, информира д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот ковид-центар.
На лекување во болничките одделенија примени се нови 14 болни лица, а вкупно има 121 хоспитализиран. Од задржаните вакцинирани со една доза се шест лица, а со две вакцини пет луѓе.
Во амбулантите прегледи и контроли за 24 часа побарале вкупно 208 луѓе.
Тетово, Скопје и Гостивар се градовите кои имаат најголем број заразени во најновиот бран од пандемијата.
Според вчера објавената статистика, од новите 1 166 ковид-случаи најмногу има во Скопје – 375, потоа во Тетово – 159, Гостивар – 105, Струмица – 76, Струга – 75, Охрид – 53, Куманово – 44, Кичево – 43, Штип – 24, Кавадарци – 23, Велес – 22, Кочани – 18, Битола и Свети Николе – по 17, Радовиш – 16, Прилеп – 14, Дебар – 12, Ресен и Пробиштип – по 11, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 8, Неготино – 6, Крушево и Македонски Брод – по 5, Делчево и Валандово – по 4, Берово и Виница – по 3, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Од починатите 29 лица шест се од Тетово (37, 42, 57, 64, 73, и 81 г.), петмина од Струга (64 ,67 ,70 ,76 и 77), четворица од Скопје (47, 55, 69 и 79), по тројца починати има во Гостивар (54,71 и 81), Куманово (52, 63 и 80) и Струмица (66, 74 и 82), по едно починато лице од Кичево (80 ), Битола (57), Велес (54), Македонска Каменица (58) и Пехчево (67).
Ваквата состојба, според министерот за здравство Венко Филипче главно се поврзува со ниската стапка на вакцинација во овие региони.