Големи гужви и собирања пред банките, поштите и другите институциите на државно и локално ниво предизвика издавањето на државните платежни картички за помош за справување со кризата со ковид-19. Градоначалничката Теута Арифи смета дека установите пред кои се собираат граѓаните треба да зголемат број на службеници за да оди полесно издавањето на картичките што претставува периодична состојба.

„Забележана е зголемена посетеност на граѓаните на банките, што е поврзано со издавањето на домашни платежни картички. Со цел да се избегнат непожелни сценарија на евентуална инфекција како резултат на масовно собирање на луѓе, апелираме до комерцијалните банки да го зголемат бројот на службеници на шалтерите и на влезовите на банките“,
изјави Арифи, по денешната средба со претставниците на други институции од Кризниот штаб.
На новинарско прашање зошто според договор од април нема повеќе полицајци и војници, таа вели дека договореното е во сила, но сепaк смета дека тоа се времени собирања.
„Треба да се има предвид дека полицијата и војската имаат работа на терен. Сега кога нема забрана за движење има другите проблеми па полицијата е потребна на терен“,
истакна Арифи.
