Триесет и петгодишниот Б.А. од Тетово на диво за 48 метри квадратни го проширил деловниот објект. Тој во својство на инвеститор на улицата „Д.Г.Кара“ во Тетово на две катастарски парцели во државна сопственост извршил изградба на монтажен објект, со што го проширил деловниот објект со вкупна површина од 48 метри квадратни.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.
Како што информира Министерството за внатрешни работи тој немал соодветна дозвола од надлежен орган, односно одобрение за градба.
