Најголем број новозаразени, односно 866 лица, се на возраст од 15 до 64 години, 247 се деца на возраст од 5 до 14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, а 161 од заразените со грип се деца на возраст од 0 до 4 години
Вкупно 1 498 новозаразени со грип или заболувања слични на грип се регистрирани во последната недела, односно во периодот од 26 јануари до 1 февруари. Бројот на нови случаи на грип, како што соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), е 12,3 отсто помал во споредба со претходната недела.

Споредено со петтата недела од минатата година, бројот на заразени лица во петтата недела од 2026 година е намален за 50,7 отсто.
Најголем број новозаразени, односно 866 лица, се на возраст од 15 до 64 години, 247 се деца на возраст од 5 до 14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, а 161 од заразените со грип се деца на возраст од 0 до 4 години.
„Заболените лица се пријавени од Скопје – 473, Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43, Велес 36, а во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип“,
информираат од ИЈЗ.
Во текот на минатата недела пријавено е едно починато лице асоцирано со грип. Се работи за маж на возраст од 62 години од Тетово, кој бил хоспитализиран на инфективното одделение во Клиничка болница Тетово. Мажот не бил вакцинирал против сезонски грип, а кај него било утврдено присуство на коморбидитети.
