При експлозија на плинска боца во викендичка во село Матејче во Липково, повредени се шест лица, информира Министерството за внатрешни работи.
Повредените се на возраст од 27 до 44 години. Лекарите од кумановската општа болница, вчера во 21:45 пријавиле во СВР Куманово дека кај нив биле донесени шест лица С.С. (34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С. (27), М.Н. (44) и Б.Ш. (36), кои се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во приватен објект, викендичка во село Матејче на место викано Матејачки Колиби.
„Повредените имаа изгореници на лицето и рацете, и биле пренесени во Скопје во Градската болница и на пластична“,
изјави директорката на Општа болница-Куманово, Снежана Захариева.
Според МВР, тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.