Тешко е повредена 19-годишна девојка кога во неа удрил автомобил додека го поминувала пешачкиот премин на плоштадот Срмаале спроти Основниот суд во Велес.
Несреќата се случила попладнево околу 14:30 часот. Брза помош веднаш дошла не месотото на настнаот.
Како што информира доктор Василка Пановска-Попстеванова, началник на Брза помош, тие со лекарската екипа веднаш и укажале помош и констатирале повреди на главата, градниот кош и екстремитетите, ја имобилизирале и таа е во стабилна состојба.
Девојката е однесена во Општата болница-Велес, а лекарски тим од хируршките амбуланти врши испитувања на нејзината состојба.
